Во последните 24 часа се регистрирани 1168 нови случи на заразени со ковид-19, од направени 3.353 тестирања, соопшти Министерството за здравство.
Во Скопје има 513 нови случаи на ковид-19, Прилеп-77, Куманово-68, Тетово-65, Битола-58, Кичево -42, Струга-40, Велес-36, Струмица и Свети Николе по 33, Гостивар-30, Кавадарци-29, Штип-27, Охрид-25, Кочани-19, Кратово -11, Радовиш и Неготино по 7, Валандово и Дебар по 6, Гевгелија, Виница и Крива Паланка по 5 нови случаи, Ресен-4, Крушево, Македонски Брод, Пехчево, Берово и Делчево по три нови случаи, во Пробиштип и Демир Хисар по еден нов случај.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 692 оздравени пациенти.
Починати се 18 лица, пет пациенти од Скопје (61, 69, 67, 77 и 84г), двајца од Куманово (66 и 80г), еден пациент од Штип (54г), еден од Тетово (73г), двајца од Битола (82 и 73г), еден од Охрид (84г), четири пациенти од Гостивар (78, 76, 78 и 66г), еден од Струмица (55г) и еден пациент од Кратово (74г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 46062, бројката на оздравени пациенти е 26981, на починати е 1281, а бројот на активни случаи изнесува 17800. Денеска се евидентираат четири контролни теста од вчера.