Мицкоски - Или честитки до Владата или ќе и се случи народ за решението со Бугарија

Прес-конференција на Христијан Мицкоски

На Владата или ќе и честитам или ќе и се случи народ во зависност од тоа каков договор ќе склучи со Бугарија, рече денеска на прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Лидерот на опозициската држава ќе им честита и ќе им рече - Секоја чест ги одбранивте македонските национални интересни, доколку Владата постигне решение со кое недвосмислено ќе го заштити македонскиот јазик, ако не се откаже од македонското малцинство во Бугарија, ако постигне решение во кое ќе ги заштити историјата, имињата и жртвата на дејците кои животот го положиле за независна македонска држава и решение со кое окупаторите нема да бидат административци.
Доколку пак Владата се обидува да преговара со Бугарија за решение кое ќе го негира идентитетот, историјата, посебноста на јазикот, малцинството и доколку окупаторот бил административец, тогаш ќе и се случи народ истиот ден низ цела држава, вели Мицкоски.

Тој очекува во декември да се случи првата меѓувладина конференција со ЕУ, оти, како што вели, Европа им го должи тоа на македонските граѓани. Треба со резигнираност да бидат отфрлени максималистичките, крајно негаторски и неевропски позиции на нашиот источен сосед, вели Мицкоски.

Османи - До последен миг ќе се приближуваат ставовите со Бугарија

На денешната прес-конференција Мицкоски рече дека овие неколку дена се многу значајни во разговорите со Бугарија и апелираше Владата како свој прв приоритет да ги постави заштитата на националните и стратешки интереси.

Тој вели дека владата треба да постигне решение, не по цена на самоодрекување и бришење, туку решение гарантор на македонскиот идентитет, јазик, посебност и виза за непречен почеток на преговорите со ЕУ.