Во изминатово деноноќие се регистрирани 1064 нови случаи на заразени со ковид-19 од вкупно 3096 направени тестови. Најголем дел од новозаразените се од Скопје и вкупно 541 случај, потоа Куманово и Тетово со по 57 нови слуачи и Велес и Битола со по 44 случаи.
Во последниве 24 часа вкупно 25 пациенти заразени со ковид-19 починале од кои најмладиот имал 34 години додека најстариот имал 79 години.
Досега во земјата се направени вкупно 286.181 тестирања на Ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 44898, бројката на оздравени пациенти е 26289, на починати е 1263, а бројот на активни случаи изнесува 17346.