Приведен обвинетиот во случајот „Монстум“ во неговиот дом

Судско рочиште за предметот „Монструм“

Полицијата го приведе обвинетиот во случајот „Монструм“ Агим Исмаиловиќ во неговиот дом, откако денеска тој замина од судот непосредно пред да му биде изречена нова мерка притвор. Од МВР потврдија дека обвинетиот е спроведен во истажниот затвор Шутка.
Претходно во медиумите беше објавено дека полицијата го побарала во неговиот дом, по наредба на Судот, но не го нашла, по што беше објавено дека е можно тој да побегнал.

Полицијата трага по обвинет во „Монструм“ кој го напуштил судот пред да му се одреди мерка притвор


Триесетдневниот притвор на Исмаиловиќ му е определен на барање на обвинителството. Притвор доби и обвинетиот Фејзи Азири кој е веќе во затвор поради друго кривично дело.


„ На обвинетиот Ф.А. му е опредлена мерка притвор во траење од 30 дена и
истото е доставено во Истражниот затвор Скопје каде се наоѓа обвинетиот,
додека за А.И. е определна мерка притвор од пронаоѓање односно лишување
од слобода и истото е доставено до надллежното МВР,“ е наведено во судското соопштение.


Агим Исмаиловиќ е еден од вкупно петмината обвинети за петкратното убиство што се случи на 12 април 2012 кај Смилковско езеро. Обвинет е и неговиот брат Африм Исмаиловиќ, понатаму Алил Демири, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Африм Исмаиловиќ и Алил Демири се во бегство во Косово, но до ден денеска тие не се екстрадирани.


Петмината еднаш беа осудени на доживотен затвор, но Врховниот суд во декември 2017 година ја укина пресудата, а случајот „Монструм“ потоа го преземе СЈО и судењето почна од почеток. Во масакрот кај Смилковско езеро беа убиени четири момчиња: Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски и Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.