Основниот кривичен суд Скопје 1 донесе одлука за одредување на мерка притвор од 30 дена за Агим Исмаиловиќ и Фејзи Азири обвинети во случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковско езеро. Оваа одлука ја донесе денеска по барање на обвинителката во предметот Фатиме Фетаи која на попладневното рочиште во судиницата посочи дека постои ризик за бегство .
„ На обвинетиот Ф.А. му е опредлена мерка притвор во траење од 30 дена и
истото е доставено во Истражниот затвор Скопје каде се наоѓа обвинетиот,
додека за А.И. е определна мерка притвор од пронаоѓање односно лишување
од слобода и истото е доставено до надллежното МВР,“ е наведено во судското соопштение.
Агим Исмаиловиќ е еден од вкупно петмината обвинети за петкратното убиство што се случи на 12 април 2012 кај Смилковско езеро. Обвинет е и неговиот брат Африм Исмаиловиќ, понатаму Алил Демири, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Исмаиловиќ утрово бил меѓу присутните во судницата во Основниот кривичен суд во Скопје на рочиштето закажано за денеска. Но, рочиштето било одложено, а обвинителката Фетаи побарала построги мерки за обвинетите во овој судски процес кој е пред крај, меѓу кои и притвор за Агим Исмаиловиќ.
Додека Кривичниот совет во судот одлучувал за барањата на Фетаи, присутните ја напуштиле судницата. Од полицијата велат дека трагаат по обвинетиот Исмаиловиќ.
Мерки на претпазливост обвинителството побара и за Хаки Азири, односно наместо како досега два пати неделно да се пријавува во суд, тоа да го прави секој ден.
Завршни сведочења во случајот „Монструм“
Африм Исмаиловиќ и Алил Демири се во бегство во Косово, но до ден денеска тие не се екстрадирани.
Неуспешни екстрадиции - слаби докази и политички интереси
Петмината еднаш беа осудени на доживотен затвор, но Врховниот суд во декември 2017 година ја укина пресудата, а случајот „Монструм“ потоа го преземе СЈО и судењето почна од почеток.
Во масакрот кај Смилковско езеро беа убиени четири момчиња: Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски и Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.