Лајен: Брисел очекува позитивно решение за интеграција на Северна Македонија во ЕУ

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјавила дека Брисел очекува позитивно решение како заеднички остварен резултат на сите страни за успешна интеграција на Северна Македонија во ЕУ, е наведено во соопштението од македонската Влада по нејзиниот телефонски разговор со премиерот Зоран Заев. Во владиното соопштение е наведено дека Лајец истакнала оти е успешен и позитивен пример за Западен Балкан за остварените реформи, за постигнатите договори со Грција и Бугарија, и за лидерството во регионалната соработка.

Како што соопшти владината прес-служба, на разговорот, на кој присуствувале вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, Заев изразил благодарност за пакетот за проширување и за позитивниот извештај на Европската комисија .

Премиерот Заев ја информирал претседателката на ЕК Фон дер Лајен и за тековните разговори со Република Бугарија и ги презентирал позициите на Северна Македонија.Во тој контекст, како што се наведува во соопштението, Заев се заблагодарил за личниот ангажман на претседателката на ЕК, како и на сите еврокомесари, особено нагласувајќи го ангажманот на овој план на германското претседателство со ЕУ и за посветеноста да се најде решение, кое ќе биде успех за Северна Македонија, за Република Бугарија, за ЕУ и за Западен Балкан.