Столтенберг: НАТО 2030 како нов стратешки концепт за Алијансата

Генералниот Секретар на НАТО, Јенс Столтенберг

Коронавирусот, руското агресивно делување, подемот на Кина и натаму се дел од предизвиците поради кои НАТО мора во наредните десетина години да делува поглобално, истакна во својот говор Генералниот Секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на Конференцијата во Рига,Латвија. Тој истакна дека НАТО мора да биде во можност да одговори на сите предизвици и секогаш да се подготвува однапред, за утрешните предизвици, па затоа мора е покрената и иницијативата НАТО 2030.

Оваа иницијатива има три цели, првата е предизвикувачкото безбедносно опкружување, поради кое е неопходно земјите членки да инвестираат во одбраната, која не подразбира само оружје, туку и справување со сајбер безбедносните предизвици. Потоа, втората цел е да го направиме НАТО посилна политичка алијанса, истакна Столтенберг. Трета цел, како што вели тој, е поглобалниот пристап, затоа што многу од предизвиците со кои се соочуваат земјите членки на алијансата се глобални, како тероризам, сајбер закани и ширењето на нуклеарно наоружување.

„Како дел од НАТО 2030, барам широк спектар на ставови, од експерти, од академската заедница и од граѓанското општество. Сето тоа ќе го вметнам во моите препораки до лидерите на земјите членки на НАТО кои ќе се состанат следната година. Како дел од ова, верувам дека сега е време да развиеме нов стратешки концепт за НАТО. Ажуриран план за тоа како НАТО да се прилагоди и да одговори на предизвикувачкото стратегиско опркужување со кое се соочуаме денеска, “ изјави Столтеберг.

НАТО во изминатиов период ја покажа солидарноста на дело, со зајакнувањето на цивилните напори за справување со вториот бран на пандемијата со коронавирусот. Столтенберг истакна дека само во последниве недели биле доставени и респиратори за Чешка, Црна Гора и Северна Македонија. Една од главните одговорности на НАТО во овој период е да се осигура дека здравствената криза нема да стане и безбедносна криза.