Иво Санадер, поранешниот хрватски премиер и претседател на ХДЗ, денеска е прогласен за виновен и осуден на осум години затвор за корупција, односно за „извлекување пари од маркетинг агенцијата „Фими Медиа“, пренесе МИА. Во овој случај, за кој ова беше повторено судење, неговата партија ХДЗ беше прогласена за одговорна за корупција.
Во пресудата, меѓудругото, се наведува дека Санадер, во својство на поранешен премиер и претседател на ХДЗ, со неговите соработници Младен Баришиќ и Бранка Павошевиќ, организирал група луѓе да извршат злосторства. Наведено е дека во периодот од 2005 до 2009 година, Санадер за да добие материјална корист и наредил на Бранка Павошевиќ во деловните книги да не ги бележи парите што му се предадени на Баришиќ.
Се додава дека дел од тие пари Санадер задржал за себе, а осум милиони куни биле искористени за финансирање на ХДЗ, пренесе МИА.