Џо Бајден ја освои државата Аризона на претседателските избори, покажуваат вчерашните проекции на американските медиуми. NBC, CBS, ABC и CNN го прогласија Бајден за победник на 11-те изборни гласови на државата повеќе од една недела по гласањето на 3 ноември.
Аризона му донесе предност на Бајден од 290-217 пред претседателот Доналд Трамп во Изборниот колеџ, кој на крајот одлучува за претседателската функција, а потребни се 270 електорални колеџ гласови за освојување на Белата куќа.
Фокс Њуз и Асошиејтед Прес објавија дека „трката“ во Аризона била во корист на Бајден на Изборната ноќ, предизвикувајќи бројни критики од Трамп. Од 12 ноември, Бајден водеше во Аризона со разлика од претседателот Трамп од 49,4 до 49,1 процент.