Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатите 24 часа, во Ковид-центрите во Скопје, биле примени 38 пациенти со симтоми на Ковид-19. До утрово во 8 часот, вкупно 382 пациенти биле хоспитализирани во овие центрите во Скопје.
„Капацитетите се генерално исполнети, но слободни места има. Во моментов, на Клиниката за дерматологија во ковид-центарот се лекуваат 27 пациенти, на Клиниката за неврологија 24 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 53 пациенти со симтоми на коронавирусот. Во ГОБ „8 септември“ има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 158 пациент, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 42 пациенти, 14 деца и 28 возрасни, информираат од Министерството за здравство“, соопшти Министерството.
Во последните 24 часа на интерните клиники имало 12 приеми и тоа четири во ковид-центарот на Клиниката за дерматологија, пет приеми во центарот на Клиниката за неврологија и три пациенти се хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминатото деноноќие имало 18 приеми, а во ковид- центарот во ГОБ „8 Септември“ биле примени девет нови пациенти.
-.