Иран ги зголемува залихите на збогатен ураниум над дозволеното

Апарати за центрифугирање во постројката за збогатување ураниум Натанц

Иран постојано ги зголемува своите залихи на ниско збогатен ураниум далеку над границите утврдени во нуклеарниот договор со светските сили да не го збогатува на поголема чистота од дозволеното, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија во својот квартален извештај. Иран заклучно со 2 ноември имал залихи на 2.442,9 килограми ниско збогатен ураниум, за разлика од 2.105 килограми пријавени на 25 август.

Помпео предупреди дека продажба на оружје на Иран ќе доведе до санкции


Нуклеарниот договор од 2015 година, потпишан од Иран со Соединетите држави, Германија, Франција, Британија, Кина и Русија, познат како Заеднички сеопфатен план за акција му овозможува на Техеран да чува залиха од 202,8 килограми. Агенцијата извести дека Иран продолжува да збогатува ураниум до чистота до 4,5 проценти, поголема од 3,67 проценти дозволена според нуклеарниот договор.