Доналд Трамп е прогласен за победник на државата Алјаска на претседателските избори во САД, победа што нема да го промени вкупниот исход на гласањето. Американските медиуми го објавија ова врз основа на вкупниот број гласови и проекциите заклучно со 11 ноември, осум дена по завршувањето на гласањето. Со трите гласа во Изборниот колеџ на Алјаска, вкупниот број на Трамп се искачи на 217, далеку зад неговиот демократски ривал, избраниот претседател Џо Бајден, кој веќе има 279, девет повеќе од прагот потребен за прогласување на победникот на изборите Остануваат уште гласовите од Аризона и Џорџија, каде што Бајден моментално води, како и Северна Каролина, каде што води Трамп. Но, дури и ако Трамп успее да ги земе сите три држави, нивните 42 гласа во Изборниот колеџ нема да го променат резултатот.
Аларм во Вашингтон - Трамп го реконструира врвот на Пентагон
Вкупните гласови исто така покажаа дека американскиот сенатор Дан Саливан од Алјаска победи, давајќи му на неговата републиканска партија точно половина од 100-те места во Сенатот. Демократите имаат 48 места, додека за уште две - и двете во Џорџија - ќе се одлучува во вториот круг во јануари, откако ниту еден кандидат нема добиено повеќе од 50 проценти на изборите на 3 ноември. Додека продолжуваат последните фази на пребројување на гласовите, сите поголеми американски медиуми го прогласија Бајден за победник на изборите.
Администрацијата на Трамп ја задржува транзиција кон тимот на Бајден
Трамп одби да ја прифати победата на Бајден, додека неговиот изборен штаб и националните републиканци поднесоа неколку правни тужби со кои се оспорува пребројувањето на гласовите во некои клучни држави. Но, судиите веќе одбија многу тужби, а Трамп не понуди конкретни докази за неговите наводи за широко распространета измама или кражба на избори. Бајден и неговиот тим започнаа со подготовките со цел идната администрација да ја преземе контролата врз федералната влада доколку неговата победа биде потврдена.