Од петок во цела Грција се воведува полициски час, односно ограничување на движењето на граѓаните од 21 до 5 часот, јави дописничката на МИА од Атина.
Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас на вонредната прес конференција, попладнево соопшти дека дозволено ќе биде излегување поради работни обврски, од итни здравствени причини и за прошетка на домашно милениче, а за секоја од овие причини, потребна е соодветна потврда (за работа) или испратена смс порака.
Болниците во Европа оптоварени, бројот на починати од коронавирус надмина 300 илјади
Веќе три дена по ред, бројот на починати од Ковид-19 во Грција е над 40 лица дневно, а од ден на ден сѐ повеќе се зголемува и бројот на пациенти приклучени на апарати. Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, во изминатите 24 часа регистрирани се 2.752 нови случаи на Ковид-19, починале 43 лица, а приклучени на апарати се 297 пациенти, односно 34 повеќе од вчера.