Владата на синоќешната седница усвоила информација за склучување договор за преземени обврски, односно обврзувачки договор за набавка, меѓу Владата и Глобалниот сојуз за вакцини ГАВИ (Gavi alliance), за набавка на вакцини против Ковид-19 преку Ковакс механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини и за обезбедување финансиска гаранција за плаќање, соопшти денеска владината прес-служба.
- ЕУ ќе го одобри договорот за вакцини со Фајзер
- ВИДЕО - Пет работи што треба да се знаат за вакцината на Фајзер
„Владата го задолжи министерот за здравство да го потпише договорот без да спроведе една од постапките пропишани со член 47 од Законот за јавни набавки, со оглед на тоа дека овој Договор претставува меѓународен договор со кој се преземаат права и обврски за нашата држава согласно мислењето на Министерството за надворешни работи“, стои во соопштението од владината прес-служба.