Според информациите од сеизмолошката опсерваторија при ПМФ станува збор за земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот кој се случил во 4 часот и 54 минути бил почувствуван на цела територија на Македонија Епицентарот се наоѓал 50 километри југозападно од Скопје во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар во близина на Маврово, на длабочина од 8,5 километри. Според досегашните податоци земјотресот најсилно беше почувствуван од населението во Гостивар и Маврово со V степени според Европската макросеизмичка скала, во Тетово и Скопје со IV степени, а во Битола, Прилеп и околината со III степени според истата скала.