Ердоган му честита на Бајден за победата на изборите

Реџеп Таип Ердоган и Џо Бајден во Претседателската палата во Анкара, 24.08.2016

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им ја честиташе на Џо Бајден и Камала Харис победата на претседателските избори. Билатералните врски меѓу сојузниците во НАТО станаа затегнати поради низа прашања, вклучувајќи го и купувањето на руски системи за ракетна одбрана С-400, разликите во политиката за Сирија и притворањето на вработените во американскиот конзулат во Турција. Но, личниот однос меѓу Ердоган и претседателот Доналд Трамп спречуваше понатамошно влошување на односите.

Администрацијата на Трамп ја задржува транзиција кон тимот на Бајден

Во својата порака Ердоган ја повтори „одлучноста на Анкара за тесна соработка со администрацијата на САД“ во наредниот период. Тој рече дека „силната соработка и сојуз“ меѓу двете земји ќе продолжи да придонесува за мирот во светот. Ердоган испратил порака и до Трамп. Аналитичарите велат дека американско-турските односи може да бидат дополнително затегнати под администрација на Бајден, загриженост што доведе и до пад на турската лира.