Руските мировници на пат кон Нагорно-Карабах

Ерменија: авиони со руски мировници. 10.11.2020.

Руските мировници се на нивниот пат кон Нагорно-Карабах да бидат распоредени како дел од договорот меѓу Азербејџан и Ерменија, за запирање на шестнеделниот воен конфликт околу отцепениот регион.

Објавувањето на примирјето на 10 ноември со посредство на Русија за запирање на борбите меѓу Азербејџан и етничките Ерменци во енклавата, предизвија прослави во Азербејџан, но политичка криза во Ерменија каде гневните демонстранти упаднаа во владините згради и во парламентот.

Потегот доаѓа откако азербејџанските сили остварија големи придобивки на бојното поле, вклучително и извештаите во кои се вели дека се приближиле кон Степанакерт - главниот град на Нагорно-Карабах, откако го заземаа блискиот стратешки град Шуши.

Според договорот, Азербејџан ќе ја задржи територијата во Нагорно-Карабах и околните области заземени за време на конфликтот. Исто така се повикуваат силите на Ерменија да преддат некои области кои ги држат надвор од границите на Нагорно-Карабах.

Ерменците исто така ќе го загубат регионот Лачин, каде клучен пат го поврзува Нагорно-Карабах со Ерменија.

Договорот повикува коридор широк пет километри, таканаречениот коридор Лачин, да биде заштитен од 1.960 руски мировници со петгодишен мандат.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека руските воени транспортни авиони со воен персонал и опрема веќе заминале кон регионот.