Пратеници на СДСМ денеска во собраниска процедура го доставија Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи, кој предвидува задолжително пензионирање на 64 години возраст и 15 години пензиски стаж.
„Со ова создаваме услови за намалување на вработените во државната администрација и во јавниот сектор, но и отвораме простор за вработувања на млади кадри кои можат да дадат значаен придонес во унапредување на работниот процес“, рече не денешната прес-конференција во Собранието координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески.
Тој појасни дека во собраниска процедура заедно со Предлог-законот за измени и дополнување на Законот за работни односи го доставувиле и Предлог законот за измена на Законот за администрација, со што, како што рече, целосно ќе бидат опфатени сите вработени во државниот и во приватниот сектор.