За 24 часа 299 пријави за неносење заштитна маска за лице

Илустрација

Министерството за внатрешни работи (МВР), во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 299 прекршоци.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19. Казната за неносење маска според дефинираните протоколи и мерки за справување со коронавирусот изнесува 20 евра.