Од денеска бесплатно вакцинирање за сезонски грип во 6 скопски поликлиники

Илустрација

Министерството за здравство (МЗ) соопшти дека бесплатната вакцинацијата против сезонскиот грип почна денеска во шестте поликлиники на територијата на град Скопје, и тоа во Ѓорче Петров, Букурешт, Чаир, Бит-пазар, Ченто и Јане Сандански во рамките на Здравствениот дом - Скопје.

МЗ минатата недела соопшти дека се набавени 40.000 дози од четиритипни вакцини, кои се наменети за бесплатна вакцинација на ризичните групи, во кои спаѓаат стари лица на возраст над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од шест месеци до пет години.