Правните битки на американскиот претседател Доналд Трамп и отпорот кон прифаќање на изборниот пораз ги спречуваат федералните агенции да соработуваат со преодниот тим на новоизбраниот претседател eо Бајден.
Повеќе од три дена откако големите медиумски мрежи утврдија дека Бајден јасно победи на изборите, малку познатата федерална агенција одговорна за официјално започнување на транзицијата кон новата администрација не му потпишува на тимот на Бајден да добие пристап до федералните агенции, да комуницира со службени лица и да пристапи до пари финансирани од даночни обврзници наменети за непречена транзиција.
Дали е можно Бајден да ги врати луѓето на Обама во надворешната политика?
Забавувањето на темпото на транзиција може да ја попречи новата администрација од самиот почеток, влијаејќи на сè, од одговорот на земјата на пандемијата на коронавирусот до соочување со заканите за националната безбедност кога Бајден ќе биде инаугуриран на 20 јануари. Преодниот тим на Бајден на 9 ноември соошти дека Администрацијата за општи услуги мора да ја признае изборната победа на Бајден за да може да започне транзиција на власта. Во спротивно, преодниот тим може да преземе правни активности. Администрацијата за општи услуги е агенција одговорна за федералните згради.