Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп го разреши од функцијата секретар за одбрана Марк Еспер, јавува Асошиејтед Прес. Овој потег Трамп го презема додека земјата е во очекување на разврската од претседателските избори, на кои повеќе електорски гласови освои демократот Џо Бајден, но актуелниот претседател, кој му беше противкандидат, го оспорува пребројувањето на гласовите. На позицијата секретар за одбрана, како што објави Трамп на социјалните мрежи, е назначен Кристофер Милер, актуелен прв човек на Националниот центар за борба против тероризмот.