Руското министерство за одбрана денеска соопшти дека еден од нивните хелихоптери бил урнат над Ерменија, во близина на нејзината граница со Азербејџан.
Во соопштението се наведува дека два члена на екипажот загинале, а еден е повреден. Според руската одбрана хелихоптерот Ми-24 бил погоден од земја со рачен против воздушен ракетен фрлач додека обезбедувал воздушно покривање на руски воен конвој возила.
Русија е клучен сојузник и воен снабдувач на Ерменија која е во конфликт со соседниот Азербејџан поради отцепениот азербејџански регион Нагорно-Карабах. Вчера Азербејџан соопшти дека неговите сили го зазеле градот Шуши, втор по големина град во регионот кој се наоѓа на главниот пат кој ги поврзува главниот град на Нагорно Карабах Степанакерт со Ерменија.