Од денеска, како што најави премиерот Зоран Заев, почнува реализацијата на четвртиот пакет мерки, наменет за поддршка на граѓаните и стопанствениците поради кризата предизвикана од ковид пандемијата.
Мерките ќе создржат даночни ослободувања и намалување на средствата за трошење на компаниите како што се, намалувањето на ДДВ од 18 на 5% за занаетчиите. Тука се и намалувањето на стапката на ДДВ за услугите кои ги нудат рестораните, плаќање ДДВ пет дена откако ќе се поднесе пријавата, одложеното плаќање на аконтации за данок на добивка, како и личниот доход, а и признавање на трошок за приватно здравствено осигурување и тестирање за Ковид 19. Во пакетот е и стандардната помош за исплата на плати, и директната поддршка за граѓаните.
Со помош на ребалансот на буџетот, за најзагрозувачките дејности, ќе бидат издвоени 412 милиони денари, 9,8 милиони денари за туристичките водичи, 120 милиони денари за враќање на туристичката такса, како и 330 милиони денари за име на грантови за туристичките агенции, игротеките и рестораните за свадбени веселби.
Рокот за поднесување на барањата е до 10-ти во месецот, а поддршката ќе биде исплатена до 15-ти во тековниот месец за изминатиот.