Во Белорусија продолжуваат апсењата на антивладините протести
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Полицијата привела десетици антивладини демонстранти кои се собраа 13-та недела по ред на протести на кои побараа оставка од Александар Лукашенко и нови избори. Протестите се одвиваат постојано од претседателските избори на 9 август. Организацијата за човекови права „Вјасна“ објави список од 328 луѓе, кои според нив, вчера биле уапсени.
Полицијата во Минск претходно соопшти дека десетина лица биле уапсени поради „недозволени активности“. Во главниот град пред почетокот на протестите имаше многу полиција, а некои области во центарот на градот беа блокирани.