Бајден ќе формира работна група за борба против коронавирусот

Новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден

Новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден почна да го формира неговиот тим за транзиција и рече дека денеска ќе објави дека ќе формира работна група на советници за борба против пандемијата на коронавирусот, која повторно се зголемува во САД. Тој најави дека тимот ќе биде составен од научници и експерти за справување со главниот предизвик со кој се соочуваат американските власти. Бајден вели дека тимот ќе работи на план што ќе стапи во сила веќе на 20 јануари 2021 година, на денот на неговата инаугурација. Во САД до саботата имало повеќе од 237 000 смртни случаи, а се пријавени 9,8 милиони случаи на заразени.

Бајден побара единство на нацијата во победничкиот говор

Во меѓувреме, се зголемува притисокот врз актуелниот претседател Доналд Трамп, да ја признае победата на, па дури и да му честита на Бајден. Но, до вчера немаше индикации дали Трамп би направил нешто такво. Трамп, без докази, тврди дека има широко распространета измама при гласањето и се закани дека ќе започне судска постапка. Многу изборни претставници, сепак, рекоа дека какво било пребројување на гласовите веројатно нема да го промени исходот и има малку конкретни докази за поддршка на потенцијалните тужби на Трамп. Има околу 10 недели пред Бајден да биде инаугуриран и да ја преземе функцијата претседател на 20 јануари, период што вклучува состанок на Изборниот колеџ во декември, кога се очекува финализирање на победата на Бајден.