Претседателот Доналд Трамп одбива да го признае поразот, откако сите поголеми американски медиуми објавија дека поранешниот потпретседател Џо Бајден победи на претседателските избори одржани на 3 ноември.
„Едноставен факт е дека изборите се далеку од завршени“, соопшти денеска Трамп, откако беше објавено дека Бајден веќе има недостижна предност во Изборниот колеџ.
„Почнувајќи од понеделник, нашата кампања ќе почне судски случај да се обезбеди дека изборните закони се целосно спроведени и оти ќе биде избран вистинскиот победник“, стои во соопштението од кампањата на Трамп.