Поранешниот американски потпретседател Џо Бајден победи на претседателските избори во САД. Тој го победи претседателот Доналд Трамп.
Изборите во САД се одржаа на 3 ноември.
Агенцијата Асошиејтед прес на Твитер објави дека Бајден ги освои гласовите од Пенсилванија, кои му се доволни да ги добие 270-те електорски гласови потребни за победа.
Во САД се гласа по системот на електори. Секоја држава бира свои претставници, вкупно на број се 538, а за некој кандидат да биде избран за претседател на САД треба да освои минимум 270 гласа.
Се уште се бројат гласовите во Џорџија, Невада, Аризона и Северна Каролина.
Бајден ќе положи заклетва како 46-ти претседател на САД на 20 јануари 2021.