Австрија ги затвори џамиите во кои често доаѓал напаѓачот од Виена

Припадници на австриската полиција по нападот во Виена.

Австрија затвори две џамии во кои доаѓал напаѓачот кој изврши смртоносен терористички напад во Виена на почетокот на оваа недела.

Министерката за интеграција Сузана Рааб денеска на прес-конференција рече дека двете места во западните предградија на австриската престолнина придонеле за радикализација на напаѓачот. Само една од џамиите беше официјално регистрирана, рече Рааб.

Напаѓачот, кој подоцна беше идентификуван како 20-годишникот Кујтим Фејзулаи кој има двојно државјанство на Австрија и на Македонија, вечерта на 2 ноември, во Виена уби четири лица и рани над 20 други.

Полицијата го застрела неколку минути откако тој отвори оган кон минувачите.

Жителите на Челопек засрамени од Кујтим Фејзулаи, иако не го познаваат

20-годишниот Фејзулау, претходно бил осуден за обид да и се приклучи на Исламска држава во Сирија.

Полицијата во Германија денеска изврши претрес во домовите и деловните простории на четири лица за кои се верува дека имале врски со напаѓачот, кого австриските власти го опишаа како „исламистички терорист“.