Кремљ денеска ги негираше гласините дека рускиот претседател Владимир Путин ќе поднесе оставка во текот на следните месеци поради здравствени причини, нарекувајќи ги „целосна глупост“.
Британскиот таблоид „Сан“ објави дека Путин ќе се повлече од претседателската функција на почетокот на следната година затоа што, како што вели, има Паркинсонова болест.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли ваквите тврдења и изјави дека Путин е во одлична здравствена состојба.
"Ова е целосна глупост. Се е во ред со претседателот", се вели во коментарот на Песков што го пренесува државната новинска агенција ТАСС.
Путин (68) е на власт како претседател или премиер две децении.