Груби: Ахмети не е обвинет во Хаг

Архивска фотографија - Али Ахмети и Артан Груби

Вицепремиерот Артан Груби денеска објави дека неговиот партиски лидер, Али Ахмети, не е обвинет од Хашкиот суд и дека информациите за вакво обвинение од Хаг се „лажни“.

„Лажна вест е дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, е обвинет од Хашкиот суд. Ахмети е коосновач на НДК и ОВК, поддржувач на владеењето на правото, неселективна правда и тоа секогаш го докажувал, дури и во случајот на последното сведочење во Приштина“, напиша Груби на неговиот официјален фејсбук профил.

Тој порача, како што вели, „нарачителите на лажните вести, кои сакаат да им наштетат на ОВК и на Албанците, да се воздржат од клевети затоа што ниту минатото, ниту денешнината, ниту утрешнината нема да им простат“.