Поранешниот потпретседател Џо Бајден го престигна актуелниот претседател Доналд Трамп во клучната држава Џорџија, што е голема промена во трката за Белата куќа.
Без 16-те гласачи од Џорџија во Изборниот колеџ, Трамп не може да ги достигне вкупно 270-те потребни за да биде победник на изборите. Ако Бајден ја освои Џорџија, тој ќе е првиот кандидат на демократите за претседател кој го стори тоа откако Бил Клинтон ја освои Белата куќа во 1992 година.
Џорџија е една од четирите клучни држави каде сè уште нема победник. Бајден тесно води во Невада и Аризона, додека Трамп е сè уште во предност во Пенсилванија.
Трамп кој, доколку сегашниот тренд продолжи, се соочува со можноста да ја загуби Белата куќа обвини, без да обезбеди никакви докази, за измама во државите од каде сè уште доаѓаат резултати и се закани со правна постапка низ целата земја.
Тензиите во САД растат како што продолжува пребројувањето на гласовите во клучните држави
Трамп кој, доколку сегашниот тренд продолжи, се соочува со можноста да ја загуби Белата куќа обвини, без да обезбеди никакви докази, за измама во државите од каде сè уште доаѓаат резултати и се закани со правна постапка низ целата земја.
Бајден со досега освоени 253 гласови во Изборниот колеџ, сите погледи ги насочи кон пребројувањето на гласовите во Пенсилванија, каде што продолжи да му се приближува на Трамп.
Бајден ќе стане претседател на САД ако ја освои Пенсилванија, или две држави од тројката: Џорџија, Невада и Аризона. Трамп пак треба да ја задржи предноста во Пенсилванија и Џорџија.
Како одговор на заострувањето на изборната мапа, штабот на Трамп започна правни активности, предизвикувајќи го процесот на пребројување, притоа ставајќи сомнеж во резултатите од изборите.
Штабот на Трамп, исто така, побара да се покрене случај во Врховниот суд на САД, оспорувајќи го правилото на Пенсилванија што и дозволува на државата да ги брои гласачките ливчиња по пошта кои ќе пристигнат до три дена по денот на изборите.
Правните маневри се случуваат кога претседателот, кој за време на долгата кампања континуирано го напаѓаше интегритетот на системот на гласање во земјата, дава неаргументирани тврдења за измама во гласањето.
Трамп сака да не бидат преброени гласовите добиени по затворањето на избирачките места на 3 ноември.
Постојат судски пресуди со кои се дозволува пребројување на тие гласови во државите каде што тоа го дозволува локалното законодавство.
На брифингот во Белата куќа тој уште еднаш тврдеше, без докази, дека демократите „се обидувале да ги украдат изборите“.
„Сметаме дека ќе има многу судски спорови“, рече Трамп, додавајќи: „На крајот на краиштата, имам чувство дека судиите ќе пресудат во изборите“/
Платформите на социјалните медиуми Твитер и Фејсбук, каде што говорот на претседателот беше пренесуван во живо, ставија етикети за предупредување на содржината.
Изборите во САД се уште без победник
Некои правни експерти ги окарактеризираа судските предизвици како удари кои веројатно нема да влијаат врз евентуалниот исход на изборите.
Изборниот штаб на Доналд Трамп ги загуби пресудите во Мичиген и Џорџија, две клучни држави, во момент кога американскиот претседател се закани дека ќе покрене нови судски процеси во Невада и на други места за, како што тврди без доказ, нерегуларности во гласањето.
Судиите во двете држави ги отфрлија тужбите, велејќи дека нема докази за поддршка на тврдењата на претседателот.
Видете и ова: Републиканците ги намалија надежите на демократите за мнозинството во СенатотБајден пак, ги повика Американците да имаат верба во изборниот процес. „Никој нема да ни ја одземе демократијата. Никогаш“, напиша тој на Твитер по 17-минутниот бран обвинувања на Трамп.
„Америка дојде премногу далеку, водеше премногу битки и издржа премногу за да се случи тоа“, додаде Бајден.
Дури и да не ја освои Пенсилванија, победите во Аризона и Невада сепак ќе го одведат Бајден до 270 изборни гласови потребни за Белата куќа.
Предноста на Бајден во Аризона беше 50,1% на 48,5% на почетокот на 6 ноември, со разлика во гласовите од само 46,257, со уште неколку стотици илјади гласачки ливчиња за пребројување.
Во Невада, водството на Бајден е 49,4 проценти спрема 48,4 проценти за Трамп, или разлика од 11.438 гласови.
Изборните претставници изјавија дека целосните резултати од државата може да бидат достапни најрано до викендот.
Трамп на Твитер: Навистина добро стоиме во целата држава
Во меѓувреме, Фејсбук соопшти дека забрани голема група наречена „Стоп за кражбата“ што приврзаниците на претседателот Доналд Трамп ја користеа за да организираат протести против пребројувањето на гласовите на претседателските избори во САД.
Фејсбук наведе дека групата рапидно растела на платформата и објавила насилна реторика и неосновани тврдења дека демократите ги крадат изборите.
„Групата беше организирана за делегитимирање на изборниот процес и видовме загрижувачки повици за насилство од некои членови на групата“, рече Енди Стоун, портпарол на Фејсбук.
Видете и ова: Твитер и Фејсбук суспендираа објави за изборите во САДГрупата која беше симната, повика на „заштита на интегритетот на гласовите“, охрабрувајќи ги луѓето да донираат за да им се исплатат патните трошоци за оние што сакаат да одат во држави како што се Џорџија, Северна Каролина и Пенсилванија каде што пребројувањето на гласовите продолжува и каде сè уште не е прогласен победник.
Групата порасна на 365.000 членови за еден ден, соопшти Фејсбук.
Поддржувачите на групата ја критикуваа одлуката на Фејсбук да ја отстрани, велејќи дека тие организираат мирни протести.
Победникот на претседателските избори во САД можеби не е познат, но едно е јасно: кандидатот на Демократската партија Џо Бајден доби најмногу гласови досега.
Бајден досега доби 72.073.409 гласови, далеку пред 68.380.754 гласови за актуелниот претседател Доналд Трамп.
Со тоа Бајден го собори рекордот на претседателот Барак Обама, поставен во 2008 година, од 69.498.516 гласа.
Со останати за пребројување уште милиони гласови, можно е и двајцата сегашни кандидати да го срушат рекордот на Обама, поставен на трката против републиканскиот сенатор Џон Мекејн во 2008 година.