Победникот на претседателските избори во САД можеби не е познат, но едно е јасно: кандидатот на Демократската партија Џо Бајден доби најмногу гласови досега. Бајден доби 72.073.409 гласови, далеку пред 68.380.754 гласови за актуелниот претседател Доналд Трамп. Со тоа Бајден го собори рекордот на претседателот Барак Обама, поставен во 2008 година, од 69.498.516 гласа. Со останати за пребројување уште милиони гласови, можно е и двајцата сегашни кандидати да го срушат рекордот на Обама, поставен на трката против републиканскиот сенатор Џон Мекејн во 2008 година.
Изборите во САД се уште без победник
Во трката годинава, Бајден има водство пред Трамп во Изборниот колеџ, 253-214. Трката за овие гласови продолжува да биде тесна во четири таканаречени клучни држави. Гласовите во Изборниот колеџ се распределуваат меѓу државите врз основа на пописот. На секоја држава и се доделуваат изборни гласови еднакви на бројот на сенатори и претставници во Конгресот на САД - два гласа за нејзините сенатори во американскиот Сенат плус број на гласови еднакви на бројот на нејзините конгресни области. За претседателски кандидат потребни се најмалку 270 гласачи на Изборниот колеџ за да ја добие Белата куќа..