Случаите на инфицирани од коронавирусот продолжуваат да растат, достигнувајќи највисоки нивоа во САД ден по претседателските избори кои често се фокусираа на одговорот на глобалната пандемија.
Потврдени случаи на потенцијално смртоносниот коронавирус на 4 ноември достигна рекорд од 99.660 инфекции, според податоците на Универзитетот Џон Хопкинс.
Претходниот ден Универзитетот објави седумдневен просек од 86.352 случаи, исто така рекодно високо. Смртните случаи се зголемени за 15 проценти на дневен просек од 846 за време на истиот период.
Демократскиот кандидат за претседател Џо Бајден остро го нападна претседателот Доналд Трамп за неговиот одговор на кризата, обвинувајќи ги неговите политики за голем дел од повеќе од 233.000 смртни случаи и повеќе од девет милиони инфекции.
Трамп ја минимизираше кризата и го нарече Ковид-19 не полош од обичен грип, но тој инсистираше дека неговата администрација правилно се справила со пандемијата.
Доколку Бајден биде прогласен за победник на изборите, пандемијата на Ковид-19 ќе биде првата голема криза за новата администрација.
Победникот на претседателските избори не е прогласен, но се чини дека Бајден има предност при пребројувањето на конечните гласови.