Насилните напади врз авганистанските сили и цивили се зголемиле за 50 проценти во третиот квартал од годината и покрај тоа што Владата и Талибанците започнаа мировни преговори во септември, соопшти денеска набљудувачка организација од САД.
Двете привремени примирја во текот на летото не помогнаа многу за да се намали насилството, бидејќи Талибанците започнаа напади врз провинциските главни градови и безбедносните инсталации.
Специјалниот инспектор за реконструкција на Авганистан (СИГАР) објави 2.561 цивилна жртва во третиот квартал, вклучително 876 смртни случаи, што е за 43 проценти повеќе од периодот од април до јуни.
„Талибанците ја калибрираат нивната употреба на насилство за вознемирување и поткопување на авганистанската влада и безбедносните сили, но остануваат на ниво кое сметаат дека е во границите на договорот со САД“, го цитира СИГАР Министерството за одбрана на САД.
Објавувањето на извештајот доаѓа во време на повици за бојкот на тековните мировни разговори пордаи нападите врз едукативните центри во Кабул, за кои одговорност презема групата на Исламската држава, но некои владини претставници инсистираат дека ги извршиле Талибанците.
Во разговорите меѓу преговарачите на авганистанската Влада и Талибанците има мал напредок од нивниот почеток на 12септември во Катар, со застој околу основната рамка на преговори и агенда која сѐ уште не е решена.