Службениците на Руската федерална служба за извршители (ГУФССП) изврши претрес во просториите на Антикорупциската фондација (ФБК) во Москва на критичарот на Кремљ Алексеј Навални.
Директорот на ФБК Иван Жданов на Твитер напиша дека претресот бил извршен на 5 ноември.
Во соопштението на ГУФССП се вели дека седиштето на ФБК било претресено поради истрага покрената против Жданов, поради негово непочитување на „судска наредба“. Институцијата не даде дополнително објаснување.
Жданов подоцна на Твитер напиша дека бил информиран оти претресите се поврзани со пресудата на судот со која се обврзува да плати 29 милиони рубљи (369 илјади доларали) за неодредено дело.
Претходно во јули, Навални објави дека судската пресуда против неговата компанија го принудилада ја ликвидира ФБК и нејзините банкарски сметки за да спречи заплена на готовина од извршителите, додавајќи дека регистрирал нова компанија за да продолжи со истрагите за корупција.
Во август извршителите го заземаа станот на Навални во Москва, откако тој изгуби судска постапка за клевета во октомври минатата година, во која беше вклучен бизнисмен со блиски врски со рускиот претседател Владимир Путин.
Судот во Москва нареди Навални, ФБК и адвокатот на групата Лубов Собол да платат за клевета вкупно 87.6 милони рубљи (1.15 милиони долари) поделени рамномерно на една угостителска компанија и на школо за деца во Москва.
Навални моментално е во Германија каде се опоравува од нападот со труење во Сибир со нервен агенс до воена класа кој му припаѓа на групата Новичок – хемиско оружје од советско потекло, за што тој го обвинува Кремљ.