Претседателот на Косово, Хашим Тачи, по оставката, самиот отишол во седиштето на ЕУЛЕКС, откако поднесе оставка од функцијата претседател по птврдата на обвинението за него од Специјалниот суд во Хаг.
„Со цел да се заштити интегритетот на Косово, почитувајќи го партнерството со меѓународната заедница, денес поднесувам оставка како претседател. Се чувствувам многу горд на оваа одговорност што ја носев. Во овие нови околности, ги повикувам политичките сили да бидат внимателни и да не создаваат институционална криза. Земјата нема време за губење и треба да го зачува мирот“, рекол Тачи.
Тачи беше командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК), етничка албанска герилска група која се бореше против безбедносните сили на Белград во војната 1998-1999 година. Специјалното хашко обвинителство ги обвини Тачи и другите осомничени дека се „кривично одговорни за скоро 100 убиства“, како и за „присилно исчезнување на лица, прогонства и тортура“.
Претходно денес, обвинението било потврдено против претседателот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели, кој најави дека ќе им се предаде на истражителите. Специјализираното обвинителство во Хаг во јуни поднесе обвинение против Тачи и Весели.