Црни ковид рекорди на Балканот

Втор ден по ред, во Грција бројот на нови случаи на ковид-19 е над 2.000, со оглед на тоа дека во изминатите 24 часа се регистрирани 2.646 новозаразени, што е рекорден број за земјата на дневно ниво. Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, зголемен е бројот и на починати, вкупно 18.

Од почетокот на епидемијата регистрирани се 46.892 случаи на Ковид-19, а починаа вкупно 673 лица.

Над 2000 новозаразени во еден ден има и во Србија. Во последните 24 часа во Србија на коронавирус се тестирани 12.617 лица, од нив 2.412 се позитивни, а починати се шест лица.


Коронавирусот, кој зема се поголем замав и во Албанија. Денеска е забележан нов негативен рекорд на заразени, но и на хоспитализирани со ковид-19. Во последните 24 часа тестирани се 1.725 сомнителни случаи, а вирус е дијагностциран кај 23 отсто од нив или 396 што е највисока бројка на заразени во едно деноноќие досега. Починале четворица пациенти, информираа од Министертвото за здравство и социјална политика.
До сега во оваа земја направени се 131.547 тестови, позитивен резултат е добиен кај 22.300, оздравеле 11.578, додека починале 536 лица.