Се уште не може да биде прогласен победник на изборите во САД, на еден дел по гласањето, оти се уште трае пребројувањето на гласовите во шест клучни држави. Според податоците достапни досега, Бајден води во Аризона, Мичиген, Невада и Висконсин, додека Трамп има водство во Џорџија и во Пенсилванија.
Изборните власти велат дека резултатот може да се смени, затоа што има за пребројување десетици илјади гласачки ливчиња и милиони гласови пристигнати по пошта.
Бајден вели дека е на добар пат да победи и ги повика Американците да бидат стрпливи, дур не се избори секој глас. Трамп, пак, изрази сомнеж за изборна измама и рече дека работата ќе ја тера до Врховниот суд, на што Бајден му возврати дека е спремен и за таа битка.