Американците излегоа на избори во време кога бројот на заразени со коронавирус расте на национално ниво, а бројот на хоспитализирани пациенти со ковид-19 достигна рекордно ниво. Излезните анкети спроведени од „Едисон Рисрч“ покажаа дека пандемијата се појавува како само еден од неколкуте главни проблеми на гласачите. И покрај инфицирани 9,4 милиони Американци и починати повеќе од 230 000, само двајца од 10 гласачи во анкетите изјавија дека ковид-19 е прашањето што е најважно во нивниот избор помеѓу претседателот Доналд Трамп и неговиот демократски предизвикувач Џо Бајден.
Трамп го обвини Бајден за преувеличување на здравствената криза
Половина од гласачите во САД изјавија дека е поважно да се спречи ширењето на коронавирусот дури и ако тоа и наштети на економијата, додека третина од гласачите изјавија дека економијата е најважното прашање во нивниот избор за претседател. Резултатите откриваат одредена реакција против економските трошоци за одговор на пандемијата што ја оштети економијата и ја загрози егзистенцијата. Четворица од 10 гласачи изјавија дека сметаат оти напорите за спречување на вирусот одат „многу лошо“.