Твитер и Фејсбук суспендираа неколку главно десно ориентирани сметки за информации за изборите во САД, за кои овие социјални мрежи велат дека ги нарушиле нивните политики. Некои од сметките суспендирани на 3 ноември биле со содржина што подоцна билс цитирана и истакната од руските медиуми. SVNewsAlerts, кој има повеќе од 78.000 следбеници на Твитер, често предупредува на немири поврзани со изборите и ги потенцира проблемите со безбедноста и сигурноста во гласањето. Другите сметки суспендирани од Твитер се: FJNewsReporter, Crisis_Intel и Faytuks.
Фејсбук и Твитер ќе ставаат етикети на неофицијални објави за изборите во САД
Фејсбук цитираше „неавтентично однесување“ при суспендирањето на неколку сметки поврзани со страници со седиште во САД, наречени SV News и FJ News. И SVNewsAlerts и Faytuks имаа твитови кои биле истакнати десетици пати во руските држави Спутник и РТ, објави Ројтерс. Американските разузнавачки агенции утврдија дека Русија се меша во изборниот процес во САД преку платформите на социјалните мрежи и други средства. Москва негираше дека се мешала во избори во САД или во какви било странски избори. Фејсбук, Твитер и Јутјуб спроведоа политики насочени кон спречување на ширењето лажни информации дизајнирани да го поколебаат резултатот од изборите.