Бајден и Трамп во тесна трка во клучните држави

Џо Бајден

Републиканскиот претседател Доналд Трамп и неговиот демократски ривал Џо Бајден се во тесна трка, бидејќи се чини дека во неколку таканаречени клучни држави претседателската трка не ќе може да биде решена во наредните денови. Бајден во говорот на 4 ноември рече дека чувствува оти е „на добар пат“ за да победи на изборите и повика на трпеливост од гласачите. Претседателот Доналд Трамп пак зазеде поборбен став, обвинувајќи ги демократите дека се обидуваат да ги „украдат“ изборите и дека сепак очекува „голема победа“. „Ние сме ГОЛЕМИ, но тие се обидуваат да ги КРАДАТ изборите“, напиша Трамп на Твитер неколку моменти откако Бајден разговараше со неговите приврзаници.

Први победи: Бајден во Вермонт, Трамп во Кентаки


Бајден се надеваше дека ќе ги освои клучните држави како што е Флорида и ќе прогласи победа, но според резултатите, Трамп е победник на Флорида и води во други држави како Пенсилванија, Мичиген и Џорџија, каде што официјалните лица предупредуваа дека ќе трае подолго за да се пребројат сите гласови со оглед на големиот број гласачки ливчиња по пошта и различните правила за тоа кога тие можат да бидат обработени. Конечното пребројување во Пенсилванија може да се одвива до три дена по денот на изборите. Во трката за 270 електорски гласови, до полноќ беше предвидено Бајден да освои 205 изборни гласови наспроти 136-те на Трамп, според Си-Ен-Ен.