Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека се потребни договори за ефективни контролни механизми доколку има одржлив прекин на огнот во отцепениот регион Нагорно Карабах. Лавров рече дека таквите механизми може да вклучуваат употреба на разни електронски уреди, телефонска линија меѓу Ереван и Баку, набљудувачи под покровителство на ОБСЕ и операции со учество на воени контингенти.
Азербејџан ќе оди докрај во конфликтот со Ерменија околу Ногорно Карабах
Нагорно-Карабах е признат како дел од Азербејџан, но етничките Ерменци кои сочинуваат поголем дел од населението, ја отфрлаат азербејџанската власт. Тие управуваат со своите работи, со поддршка од Ерменија, откако трупите на Азербејџан беа истиснати од регионот во војна што заврши со прекин на огнот во 1994 година. Русија посредуваше во првиот од трите хуманитарни прекини на огнот за запирање на тековните воени операции во Нагорно Карабах. Сепак, тој прекин на огнот, како и двата други договори со посредство на Франција и САД, пропаднаа во рок од неколку часа по влегувањето во сила.