Sвездата на рап музиката Канје Вест изјави дека гласал за себе како дел од неговата претседателска кампања за која многу демократи тврдеа дека е обид да се привлечат црните гласачи од предизвикувачот Џо Бајден и да му се помогне на кампањата на актуелниот Доналд Трамп. „Денес гласам за прв пат во животот за претседател на Соединетите држави и тоа е за некој во кој навистина верувам ... мене“, напиша Вест на Твитер од американската држава Вајоминг. 43-годишниот Вест, кој е оженет со ѕвездата на реалити шоута Ким Кардашијан, успеа да се најде на гласачкото ливче во неколку држави, иако не во Вајоминг или во важните сојузни држави како Флорида, Пенсилванија и Мичиген.
Велешките сајтови повторно актуелни пред изборите во САД
Раперот претходно изрази поддршка за Трамп. Кардашијан не ја поддржа јавно кампањата на Вест и на 3 ноември ја објави ретвит пораката за жешките линии на гласачите од кандидатот за потпретседател на демократите Камала Харис. Во јули, Вест ја започна својата кампања со непостојани изјави што предизвикаа загриженост во врска со неговото ментално здравје. Вест во 2018 година рече дека страда од биполарно растројство.