Американските гласачи не гласаат само за следниот претседател на САД. Тие исто така гласаат за тоа кој ќе ги контролира Сенатот и Претставничкиот дом. Една од и клучните победи на демократите, е и на со поранешниот градоначалник на Денвер, Џон Хикенлупер, кој, според медиумите, го победи републиканскиот сенатор Кори Гарднер во државата Колорадо, претставувајќи ја првото префлување од една на друга партија. Контролата на обете Конгресни комори ќе биде клучна за способноста на претседателот Доналд Трамп или на предизвикувачот Џо Бајден да ја протурка агендата откако ќе стапат на должност. Во последните две години, Трамп мораше да работи со поделен Конгрес.
Трамп на Твитер: Навистина добро стоиме во целата држава
Демократите имаат јасно мнозинство во Претставничкиот дом од среднорочните избори во 2018 година, додека републиканците го контролираат Сенатот со 53-47 разлика. Дефинитивните резултати би можеле да не бидат познати со часови, ако не и со денови. Затворањето на избирачките места се случува во различно време во одделни држави, во зависност од нивните временски зони и државните прописи. Американските медиуми досега прогласија осум победи на демократите и пет на републиканците.