Во шест американски сојузни држави - Џорџија, Вермонт, Северна Каролина, Флорида и Кентаки -заврши гласањето и гласачките места се затворени, а според проекциите на новнската агенција Асошиејтед прес, демократкиот кандидат Џо Бајден победил во Вермонт, а републиканецот и актуелен претседател, Доналд Трамп, во Кентаки.
Вермонт носи три електорски гласови, а Кентаки осум.
Проекцијата на новинската агенција Ројтерс, пак, вели дека Трамп ќе победи и во сојузната држава Индијана. Таа важи за традиционално републиканска, иако во 2008 година таму победи демократот Барак Обама.