Набргу по затворањето на првите избирачки места во сојузните држави Индијана и Кентаки, кои традиционално се „републикански“, американскиот претседател Донал Трамп на Твитер напиша: „Добри сме во целата држава“.
„Ви благодарам“, додаде Трамп.
Индијана, родната држава на актуелниот американски претседател Доналд Трамп и на републиканскиот кандидат за потпретседателското место, Мајк Пенсе, е првата американска сојузна држава во САД почна со затворање на гласачки места, откако гласањето беше завршено во некои од нејзините окрузи.
Сојузната држава Индијана има 11 електорски гласови, а Кентаки осум.
На изборната вечер, како и обично, фокусот ќе биде врз десетина од 50-те сојузни држави во САД, во кои резултатот е неизвесен. Изборниот систем во САД е единствен, бидејќи не мора да победи кандидатот кој ќе освои најмногу гласови на ниво на целата земја, туку кој ќе „собере“ најмалку 270 од 538 т.н. електори.