Индијана прва почна со затворање на избирачките места

Илустрација

Индијана, родната држава на актуелниот американски претседател Доналд Трамп и на републиканскиот кандидат за потпретседателското место, Мајк Пенсе, е првата американска сојузна држава во САД почна со затворање на гласачки места, откако гласањето беше завршено во некои од нејзините окрузи. По неа почна затворањето на гласачките места и во Кентаки.

Сојузната држава Индијана има 11 електорски гласови, а Кентаки осум.

На изборната вечер, како и обично, фокусот ќе биде врз десетина од 50-те сојузни држави во САД, во кои резултатот е неизвесен. Изборниот систем во САД е единствен, бидејќи не мора да победи кандидатот кој ќе освои најмногу гласови на ниво на целата земја, туку кој ќе „собере“ најмалку 270 од 538 т.н. електори.

Претходно, демократкиот кандидат за претседател на Соединетите држави, Џо Бајден, изјави дека не сака да прогнозира за резултатот од денешните избори, а актуелниот претседател и републикански кандидат, Доналд Трамп, рече дека „ова ќе биде голема вечер“.