Кандидатот за претседател на Демократската партија на САД и поранешен потпретседател о Бајден денеска (03.11) им зборуваше на своите приврзаници во Филаделфија, Пенсилванија.
"Ви го ветувам ова. Иако се кандидирам како горд демократ, ако ме изберете мене, ќе бидам американски претседател. Нема да има црвени држави или сини држави, туку само Соединетите Американски Држави".
Американските гласачи денеска избираат меѓу двајца многу различни кандидати. Претседателот Доналд Трамп, републикански аутсајдер кој донесе свој бренд на конзервативизам во Белата куќа пред четири години и бара уште еден мандат на функцијата и поранешниот потпретседател Џо Бајден, демократ и политичар со корени од работничката класа, кој вети дека ќе „го победи вирусот“ и ќе ја обедини земјата.