Тројца поврзани со нападот во Виена имаат и македонско државјанство

Полиција на местото каде е извреш нападот во Виена.

Тројца луѓе поврзани со синоќешниот терористички напад во Виена, имаат двојно државјанство, освен австриско имаат и македонско, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од МНР соопштуваат дека денеска од австриската полиција, преку Европол, добиле барање за соработка и информации околу терористичкиот напад.

При нападите во центарот на Виена беа убиени четири лица, а најмалку 15 беа повредени. Австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер изјави дека нападите ги извршил 20-годишникот Кујтим Фејзулаи кој има двојно државјанство на Австрија и на Северна Македонија. Министерот го нарече напаѓачот „терорист“.

Освен Фејзулаи, според доставениот список до МВР, македонско државјанство, покрај австриското имаат и А.Г. (роден во Сент Полтен, Австрија) и У.А. (роден во Виена, Австрија).

„Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР веднаш се стави на располагање на колегите од Австрија и интензивно соработуваме на сите елементи поврзани со овој случај“, се наведува во соопштението од МВР.

Во соопштението се наведува и дека е остварена и директна комуникација меѓу премиерите Заев и Курц. Тие се подготвени да соработуват во врска со терористичкиот напад доколку австриските служби утврдат таква потреба.

Македонскиот државен врв ги осуди нападите во Виена.